Aeg-Electrolux 41005VD-MN User Manual Page 50

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 76
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 49
подобрува со растително масло и/или зачини, но со тоа се зголемува и
опасноста од загорување на површината.
За најдобри резултати, избегнувајте да правите скара со месо штотуку
извадено од фрижидер. Исушете ја површината на месото, ставете го на
решетката и зачинете по вкус. Под решетката ставете плех, по можност
обложен со фолија, за да ги собира маснотиите и останатото што
истекува. Свински котлети, стекови и риба треба да се печат високо во
печката, додека месо, како дебели ребра, е подобро се пече подолу.
Поставете ја функциската контрола на
а температурната контрола на
потребната температура (максимум 230
º
C). Предзагрејте ја скарата 3 до
5 минути. Внимавајте на храната и превртете ја најмалку еднаш.
Премногу долгото печење скара ја суши храната, ја потемнува, а
најверојатно и ќе ја загори. Вратата на печката мора да биде затворена
при печење скара.
Турбо скара
Максималното температурно регулирање за оваа функција е 230
º
C.
Турбо скарата побрзо ја пече храната и порамномерно ја запечува
отколку скарата. Грејачот на скарата ја запечува храната, а вентилаторот
го струи жешкиот воздух. Совршено за "високи" јадења, како, на пример,
печење шунка, за да се добие рамномерна боја секаде наоколу.
Функција за пица
Долниот грејач овозможува директно загревање на дното на пиците,
питулиците или питите, додека вентилаторот обезбедува струење на
воздухот за да се испечат преливите или филовите.
За да добиете најдобри резултати, користете ги долните нивоа на
полицата.
Готвење со вентилатор
Воздухот во печката се загрева со грејачот околу вентилаторот што се
наоѓа зад задната плоча. Вентилаторот го кружи топлиот воздух за да
одржи рамномерна температура во печката.
Предностите од користење на оваа функција се:
Побрзо предзагревање
Бидејќи печката со вентилатор побрзо ја постигнува температурата,
обично не е неопходно предзагревање, иако може да биде потребно да
оставите дополнителни 5-7 минути време за готвење. За рецепти што
бараат повисоки температури, на пр. за леб, печива, земички, суфлеа и
сл., најдобри резултати се постигнуваат ако печката претходно се загрее.
Пониски температури
Готвењето со вентилатор обично бара пониски температури од обичното
готвење.
Имајте на ум дека треба да ги намалите температурите за околу 20- 25
°
C за вашите рецепти што користат обично готвење.
50
Ракување со печката
Page view 49
1 2 ... 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 ... 75 76

Comments to this Manuals

No comments