Aeg-Electrolux 41005VD-MN User Manual Page 58

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 76
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 57
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Секогаш стојте поназад од печката кога ја отворате вратата за време на
готвење или на крајот на готвењето за да овозможите испуштање на
евентуалната насобрана пареа или жештина.
Кога храната се загрева, се произведува пареа на истиот начин како во
котел. Кога пареата доаѓа во допир со стаклото на вратата, таа
кондензира и создава капки вода.
За да ја намалите кондензацијата, проверете дали печката е добро
загреана пред да го ставите јадењето. Пред секое готвење потребно е
кусо предзагревање на печката (околу 10 минути). Препорачуваме да го
избришете кондензатот по секое користење на апаратот.
Садови за готвење
Користете секакви садови за готвење во печка што се отпорни на
температури до 230
°
C.
Тави за печење, садови за во печка и сл. не треба да се ставаат
директно на решетката што го прекрива вентилаторот од задната
страна на печката, или врз дното на печката.
Не користете тави за печење поголеми од 30-35 см (12-14 инчи) бидејќи
тие ќе го ограничат кружењето на топлината и може да влијаат врз
перформансите.
Влијание на садовите врз резултатите на готвењето
Садовите и тавите имаат различна дебелина, спроводливост, боја итн.,
што влијаат врз начинот на пренесување на топлината на прехранбените
производи.
A : Алуминиумот, земјените садови, стаклените садови и рефлективните
садови го скратуват времето на готвење и го намалуваат запечувањето
оздола.
B : Емајлираното лиено железо, електролизираниот алуминиум,
алуминиумот со нелеплива внатрешност и обоена надворешност и
темните тешки садови го продолжуваат времето за готвење и го
зголемуваат запечувањето оздола.
Може да ставате месо во садови за печење во печка или директно на
решетката. Во тој случај, не заборавајте да ја ставите тавата за маснотии
на првото ниво оздола со малку вода во неа. Тавата за маснотии ќе
спречи капење на стопените маснотии на дното на печката.
Белото месо, живината и рибата, општо земено, треба да се готват на
средна температура (меѓу 150
°
C и 175
°
C). Ако треба да готвите црвено
месо (малку запечено однадвор и покрево однатре), се препорачува
повисока температура (меѓу 200
°
C и 230
°
C) кусо време.
Предлози за правилни поставки
Предлозите за правилните вредности за вклучување на плочите се
дадени во следнава табела.
58
Помошни напомени и совети
Page view 57
1 2 ... 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 ... 75 76

Comments to this Manuals

No comments