Aeg-Electrolux 41005VD-MN User Manual Page 73

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 76
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 72
Запалив материјал може да се сместува над шпоретот, и тоа во линија со
неговите рабови, на минималното растојание од 69 cm
Нивелирање
Апаратот е опремен со мали
приспособливи ногарки на предните и
задните агли на основата.
Со регулирање на ногарките може да се
менува височината на апаратот за да се
обезбеди подобро нивелирање во
однос на другите површини и
рамномерност на нивото на течностите
содржани во тавчињата и тавите.
Поврзување на електриката
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Електричните приспособувања потребни за местење на апаратот треба
да ги изврши квалификуван електричар или компетентно лице во
согласност со постојните прописи.
Шпоретот е конструиран за поврзување со електрична мрежа од 230V/
400V, 50Hz. За поврзување со електрично мрежа, користете кабел од
типот H05 RR-F.
Пред вклучувањето, проверете дали напонот на електричната мрежа е
ист со наведениот на плочката со спецификации.
Шпоретот не се испорачува со кабел за струја. Мора да се монтира
еластичен кабел, и тоа во согласност со спецификациите наведени во
соодветната табела бр. 1.
Во случај на директно поврзување со електричната мрежа, треба да се
постави повеќеполен прекинувач со минимален отвор меѓу контактите
од 3 mm, и тоа под над-напон од III категорија.
Прекинувачот мора да биде сместен не подалеку од 2 m од површината
за готвење и да биде лесно достапен по инсталацијата.
Жолто-зелениот кабел за вземјување не смее да се прекинува со овој
прекинувач.
НАПОМЕНА: Жицата за вземјување треба да е околу 2 cm подолга од
жиците за фазата и нулата.
Монтажа
73
Page view 72
1 2 ... 68 69 70 71 72 73 74 75 76

Comments to this Manuals

No comments