Aeg-Electrolux 41005VD-MN User Manual Page 41

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 76
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 40
Предупредување: Опасност од изгореници! Апаратот се вжештува кога
се користи. Не допирајте ги плочата или внатрешноста на печката
додека се користат.
Апаратот не е наменет да го користат лица (вклучувајќи и деца) со
намалени физички, сетилни или ментални способности, или што
немаат искуство и знаење, освен ако не се под надзор или се упатени
за користење на апаратот од страна на лице што е одговорно за
нивната безбедност.
Исклучете го електричното напојување на шпоретот и јавете се на
сервис за поправки.
Избегнете оштетување на апаратот
Никогаш не користете стакло-керамичка плоча што е напукната.
Прелеани течности и средства за чистење може да навлезат во
електричните делови што се под напон.
Никогаш не ставајте метални предмети (капаци, ножеви и лажици) на
површината за готвење. Тие ќе се вжештат ако ринглата се вклучи по
грешка.
Никогаш не оставајте фритеза, стопени маснотии, парафин или други
лесно запаливи материи без надзор. Во случај на пожар, исклучете го
апаратот и исклучете го вентилаторот. Изгаснете го огнот со капак од
сад, никогаш со вода.
Стакло-керамичката плоча мора да се користи многу внимателно. На
пример, фламбирањето со ракија или други видови алкохол може да
остави траги од маснотии на вентилаторот, што може да предизвика
пожар. Исто така, пламенот или истурена запалена маснотија може да
повреди некого.
Проверувајте ги дната на тавите и тавчињата. Тавчињата испакнати
нанадвор лесно се вртат на стакло-керамичката плоча.
Не чувајте запаливи материјали во печката. Тие може да се запалат
при вклучување на печката.
Предупредување! Алкохол и други течности што може да формираат
експлозивни гасови или други материи што би можеле да предизвикаат
пожар или експлозија не смеат да се користат во печката.
Не чувајте хемикалии или средства за чистење во долната фиока.
Исклучете го електричното напојување на шпоретот и јавете се на
сервис за поправки.
Забелешка за емајлираната облога.
Промените во бојата на емајлираната облога на печката поради
употребата не влијаат врз погодноста на апаратот за нормална и
правилна употреба. Затоа тие не се сметаат за дефект опфатен со
гарантниот договор.
Одржување и чистење
Одржувајте ги стакло-керамичката плоча и печките чисти. Маснотиите
и истурените материи може да произведат многу чад кога ќе се загреат,
а и да предизвикаат пожар.
Безбедносни упатства
41
Page view 40
1 2 ... 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 ... 75 76

Comments to this Manuals

No comments