Aeg-Electrolux 41005VD-MN User Manual Page 51

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 76
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 50
Рамномерно загревање за печење печива
Печката со вентилатор има еднообразно загревање во сите положби на
држачите. Тоа значи дека повеќе парчиња исто јадење може да се готват
истовремено. Сепак, она на најгорната решетка може да се запече малку
побрзо отколку она на подолните.
Тоа е нормално. Нема мешање на вкусовите меѓу јадењата.
Користење на печката со вентилатор
1. Свртете го копчето за функции на печката на
2. Свртете го копчето на термостатот на потребната температура.
Совети и препораки
Положбите на држачите не се пресудни, но проверете дали полиците се
рамномерно распоредени.
Кога во печката со вентилатор готвите повеќе јадења, подобро да ги
ставите јадењата на средината на решетките, отколку повеќе јадења на
една решетка.
Кога печката е полна, ќе треба да оставите малку подолго време за
готвење.
Решетка може да се стави и на дното на печката. Подобро ставајте ги
садовите на решетка во таа положба, отколку на дното на печката, за да
овозможите струење на воздухот околу храната.
Кога печката е полна со храна од ист вид, на пр., еднакви тави со мали
колачи или со сендвич колачи, тие ќе се испечат истовремено и заедно
се вадат од печката. Кога се готви со различни големини на плехови или
типови храна, на пр., бисквити и колачи, тие може и да не бидат готови
истовремено.
Печката со вентилатор може да се користи за загревање на храната без
нејзино претходно одмрзнување, на пр., овошни тортички, пити со мелено
месо, ролнички со колбаси и други видови мали пецива. Користете
температура од 190 - 200
°
C и оставете 20-40 минути за загревање
(зависно од количеството храната во печката).
Температурите се наведени само како ориентациски вредности. Можеби
ќе треба да ја зголемите или намалите температурата за да одговара на
вашите лични потреби.
Влијание на садовите врз резултатите на готвењето
Садовите и тавите имаат различна дебелина, спроводливост, боја итн.,
што влијаат врз начинот на пренесување на топлината на прехранбените
производи:
1. Алуминиумот, земјените садови, стаклените садови и рефлективните
садови го скратуват времето на готвење и го намалуваат
запечувањето оздола.
2. Емајлираното лиено железо, електролизираниот алуминиум,
алуминиумот со нелеплива внатрешност и обоена надворешност и
темните тешки садови го продолжуваат времето за готвење и го
зголемуваат запечувањето оздола.
Ракување со печката
51
Page view 50
1 2 ... 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 ... 75 76

Comments to this Manuals

No comments