Aeg-Electrolux 41005VD-MN User Manual Page 38

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 48
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 37
Чистење и нега
Предупредување: За чистење, уредот мора да биде исклучен и
изладен.
Предупредување: Од безбедносни причини, чистењето на
уредот со парочистач или чистач на висок притисок е забрането!
Внимание: Не употребувајте абразивни или остри средства за
чистење, или пак абразивни предмети.
Уредот однадвор
Избришете ја предната страна на уредот со мека крпа и топла
сапуница.
Кај металните предни површини, употребувајте вообичаени
средства за нега.
Површина за готвење
Внимание: Жешката стакло-керамичка површина не смее да
се третира со средства за чистење! По чистењето, сите
средства за чистење мора темелно да се отстранат со чиста
вода, бидејќи по повторното загревање, тие може да делуваат
разјадувачки! Чистењето се изведува само во студена состојба!
Не употребувајте агресивни средства за чистење, како на пр.,
спреови за скара или рерна, груби абразивни средства, односно
жица за чистење на тенџериња.
Чистете ја стакло-керамичката површина за готвење по секоја
употреба, откако ќе стане млака или студена. На тој начин се
избегнува запечувањето на нечистотиите.
Дамките од бигор или вода, испрсканото масло или
замачкувањето на металот, лесно се отстрануваат со
вообичаени средства за чистење на стакло-керамика или челик.
Придржувајте се кон упатствата на производителот.
Мали нечистотии
1. Избришете ја стакло-керамичката површина со влажна крпа и
малку средство за миење садови.
2. На крај, исушете со сува крпа. На површината не смее да има
остатоци од средствата за чистење.
38
Page view 37
1 2 ... 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 ... 47 48

Comments to this Manuals

No comments