Aeg-Electrolux B89090-5 User Manual Page 24

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 23
Ако ја нагодите функцијата на часовникот DURATION или END ,
автоматското исклучување се дезактивира.
ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
Апаратот има четири нивоа за решетките. Бројте ги нивоата од долниот
дел на апаратот.
Апаратот е опремен со специјален систем кој обезбедува струење на
воздухот и постојано кружење на пареата. Со овој систем може да
готвите во опкружување со пареа, со што јадењата ќе останат сочни
одвнатре, а крцкави однадвор. Тој ги намалува времето на готвење и
потрошувачката на енергија на минимум.
Влагата може да кондензира во апаратот или на стаклената врата. Тоа
е нормално. Секогаш стојте подалеку кога ја отворате вратата од
апаратот додека готвите. За да ја намалите кондензацијата, загрејте го
апаратот околу 10 минути пред готвењето.
Избришете ја влагата по секое користење на апаратот.
Кога готвите, не ставајте ги предметите директно на дното на апаратот
и не покривајте кој било дел со алуминиумска фолија. Тоа може да
влијае на резултатите на печењето и да го оштети емајлот.
Печење колачи
Најдобра температура за печење колачи е помеѓу 150 °C и 200 °C.
Пред да печете, загрејте ја рерната околу 10 минути.
Не отворајте ја вратата на рерната пред да поминат 3/4 од времето за
печење.
Ако користите два плеха за печење истовремено, оставете го нивото
помеѓу нив празно.
Готвење месо и риба
Не печете парчиња месо помали од 1 кг. Готвењето премали
количества го прави месото премногу суво.
За да постигнете месото убаво да се запече однадвор, а да остане
сочно однатре, поставете ја температурата помеѓу 200 °C-250 °C.
За бело месо, живина и риба, поставете ја температурата помеѓу
150°C-175°C.
Кај многу масна храна користете ја тавата за капење, за да спречите
дамкосување на рерната, кое може да биде трајно.
Оставете го месото да постои околу 15 минути пред да го сечете, за да
не му истечат соковите.
За да спречите премногу чадење во рерната во текот на печењето,
сипете малку вода во тавата за капење. За да спречите кондензација,
додавајте ја водата откако ќе изврие.
Информации за акриламиди
ВАЖНО Според најновите научни сознанија, ако ја препечувате храната
(особено онаа што содржи скроб), акриламидите може да претставуваат
24 Помошни напомени и совети
Page view 23
1 2 ... 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments