Aeg-Electrolux B89090-5 User Manual Page 22

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 32
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 21
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
При користење на апаратот, телескопските шини и останатиот прибор
стануваат многу жешки. Користете кујнски ракавици или слична заштита.
ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете го поглавјето „Безбедносни информации“.
Информација за акриламидите
Според најновите научни сознанија, ако интензивно ја запечувате
храната, особено производите кои содржат скроб, акриламидите може да
бидат опасни по здравјето. Оттаму препорачуваме, да готвите на што е
можно пониски температури и премногу да не ги запечувате јадењата.
Апаратот има четири нивоа за решетките. Бројте ги нивоата од долниот
дел на апаратот.
Истовремено можете да готвите неколку јадења на различни нивоа.
Ставете ги решетките на висините 1 и 3.
Апаратот е опремен со специјален систем, кој обезбедува струење на
воздухот и постојано кружење на пареата. Со овој систем може да
готвите во опкружување со пареа, со што јадењата ќе останат сочни
однатре, а крцкави однадвор. Тој ги намалува времето на готвење и
потрошувачката на енергија на минимум.
Влагата може да кондензира во апаратот или на стаклената врата. Тоа
е нормално. Секогаш стојте подалеку кога ја отворате вратата од
апаратот додека готвите. За да ја намалите кондензацијата, загрејте го
апаратот околу 10 минути пред готвењето.
Избришете ја влагата по секое користење на апаратот.
Кога готвите, не ставајте ги предметите директно на дното на апаратот
и не покривајте кој било дел со алуминиумска фолија. Тоа може да
влијае на резултатите на печењето и да го оштети емајлот.
Печење колачи
Најдобра температура за печење колачи е помеѓу 150 °C и 200 °C.
Пред да печете, загрејте ја рерната околу 10 минути.
Не отворајте ја вратата на рерната пред да поминат 3/4 од времето за
печење.
Ако користите два плеха за печење истовремено, оставете го нивото
помеѓу нив празно.
Готвење месо и риба
Не печете парчиња месо помали од 1 кг. Готвењето премали
количества го прави месото премногу суво.
За да постигнете месото убаво да се запече однадвор, а да остане
сочно однатре, поставете ја температурата помеѓу 200 °C-250 °C.
22
Помошни напомени и совети
Page view 21
1 2 ... 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 ... 31 32

Comments to this Manuals

No comments