Aeg-Electrolux B89090-5 User Manual Page 5

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 32
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 4
При поврзувањето на електрични апарати на приклучоци за
напојување, не дозволувајте каблите да допираат или да бидат во
близина на топлата врата на апаратот.
Не користете Т-штекери, конектори и продолжени кабли со повеќе
приклучоци. Постои опасност од пожар.
Не заменувајте го ниту ставајте друг кабел за струја. Контактирајте со
сервисниот центар.
Погрижете се да не го нагмечите или оштетите кабелот за напојување
(ако е применливо) и кабелот зад апаратот.
Проверете дали штекерот е пристапен по монтажата.
Не влечете го кабелот за да го исклучите апаратот од струја. Секогаш
повлекувајте го приклучникот - ако е применливо.
Употреба
Апаратот е само за домашна употреба. Не употребувајте го апаратот
за комерцијална или индустриска цел.
Апаратот употребувајте го само за домашно готвење. Ова е со цел,
лицата да бидат заштитени од физички повреди или да се спречи
оштета на имот.
Не употребувајте го апаратот како работна површина или како простор
за складирање.
Не ставајте запаливи продукти или предмети заедно со влажни или
запаливи продукти, и/или растопливи објекти (направени од пластика
или алуминиум) во или блиску до апаратот. Постои ризик од експлозија
или оган.
За време на употреба внатрешноста на апаратот се вжештува. Постои
опасност од изгореници. Употребувајте ракавици кога ставате или
вадите додатоци или тенџериња.
Бидете внимателни кога ги отстранувате или инсталирате додатоците
за да го заштитите од оштетување енамелот на печката.
Кога апаратот работи секогаш стојте настрана од апаратот кога ја
отварате вратата. Може да испушти жешка пареа. Има ризик од
изгореници на кожата.
За да го заштитите енамелот од оштетување или губење на бојата:
не ставајте било какви предмети дирекно на апаратот и не покривајте
го со алуминиумска фолија;
не ставајте врела вода дирекно во апаратот;
не чувајте влажни чинии или храна во апаратот откако сте завршиле
со готвењето.
Губењето на бојата на енамелот нема никаков ефект на работата на
апаратот
Не го употребувајте апаратот ако е во допир со вода. Не работете со
апаратот со влажни раце.
Не притискајте на вратата.
Кога готвите секогаш затворете ја вратата, дури и за време на
печењето на скара.
Безбедносни информации
5
Page view 4
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ... 31 32

Comments to this Manuals

No comments