Aeg-Electrolux B9878-5-M User Manual Page 3

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 48
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 2
Безбедносни информации
Електрична безбедност
Овој апарат смее да го приклучува само квалификуван техничар .
Во случај на пречка или оштетување на апаратот: Одвртете ги,
односно, исклучете ги осигурувачите.
Поправки на апаратот смеат да изведуваат само квалификувани
техничари . Од непрописни поправки може да произлезе значителна
опасност. Доколку е неопходна поправка, обратете се во вашето
одделение за односи со корисниците или кај вашиот продавач.
Безбедност на децата
Никогаш не оставајте ги малите деца без надзор додека апаратот
работи.
За да се заштити од неовластено користење, апаратот е опремен со
блокада за вклучување.
Безбедност за време на употреба
Овој апарат треба да се користи само за вообичаено готвење и печење
храна во домаќинството.
Бидете внимателни при приклучување струја на приклучни кутии во
близина на самиот апарат. Електричните кабли не смеат да бидат
подметнати под жешката врата од рерната.
Предупредување: Опасност од изгореници! Во текот на работата,
внатрешните површини на рерната стануваат многу жешки.
Доколку во рерната користите состојки кои содржат алкохол, може да
настане прилично запалива смеса од алкохол и воздух. Во тој случај,
внимателно отворајте ја вратата. притоа, не ракувајте со никакви
извори на топлина, искри или отворен пламен.
Лицата (вклучувајќи ги и децата), кои поради своите физички сензорски
или ментални способности, или неискуството или незнаењето, не се во
можност безбедно да го користат апаратот, не треба да ракуваат со
него без надгледување и упатување од страна на одговорно лице.
Информација за акриламидите
Според најновите научни сознанија, интензивното запечување на
храната, особено на производите кои содржат скроб, може да биде
опасно по здравјето поради акриламидите. Оттаму препорачуваме, да
готвите на што е можно пониски температури и премногу да не ги
запечувате јадењата.
Вака ќе спречите оштетување на апаратот
Не обложувајте ја рерната со алуминиумска фолија и не ставајте ги
плехот за печење или тавата на дното, бидејќи тоа предизвикува
прегревање, што ќе го оштети емајлот.
Безбедносни информации
3
Page view 2
1 2 3 4 5 6 7 8 ... 47 48

Comments to this Manuals

No comments