истече. Избоцкајте го колачот со дрвено стапче и нанесете го преливот
со четка. Потоа оставете го колачот малку да се натопи.
SWEDISH CAKE
Садови за готвење:
Тркалезен плех за печење со калап што се отвора од 28 cm, црн сад,
порамнето дно со пергамент за печење.
За мешавината:
•5 јајца
• 340 g шеќер
• 100 g стопен путер
• 360 g брашно
• 1 пакетче прашок за пециво (околу 15 g)
• 1 пакетче ванилин шеќер (околу 8 g)
• 1 прстофат сол
• 200 ml ладна вода
Начин на приготвување:
Ставете шеќер, јајца, ванилин шеќер и сол во садот за матење и матете
5 минути додека не се направи пена. Потоа додадете го стопениот путер
во мешавината и измешајте. Додадете го брашното со прашокот за
пециво во пенестата мешавина и измешајте. Конечно, додадете ја
ладната вода и сè измешајте добро. Ставете ја мешавината во плехот за
печење, израмнете ја и ставете ја во рерната.
SPONGE CAKE
Садови за готвење:
Црн плех за тркалезен колач. Маргарин за подмачкување. Лебни трошки
за обложување на плехот за печење.
За мешавината:
• 200 g путер
• 100 g шеќер
• 100 g шеќер во прав
• 1 пакетче ванилин шеќер (околу 8 g)
• 1 прстофат сол
•4 јајца
• 400 g брашно
• 1 пакетче прашок за пециво (околу 15 g)
• 1/8 l млеко
• 50 g какао
• Сок од половина лимон
Начин на приготвување:
Ставете ги путерот, шеќерот, лимоновиот сок, ванилиниот шеќер и солта
во чинија за матење и изматете ги заедно. Додавајте ги јајцата едно по
едно и повторно изматете ја мешавината. Додадете го брашното
измешано со прашокот за пециво и млекото во пенестата мешавина и
измешајте. Ставете ја мешавината на подмачканиот плех за печење
обложен со лебни трошки. Измешајте ја другата половина од мешавината
16
Употреби, табели и совети
Comments to this Manuals