Aeg-Electrolux B9971-5-M Recipe Book Page 23

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 28
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 22
Сол, црн пипер и мускатен орев
Начин на приготвување:
Со остар нож, отстранете ги кората и ’рскавицата од свинското и ситно
исечкајте го на коцки. Излупете ги кромидот и морковот, исчистете го
целерот, па исечкајте го сиот зеленчук на ситни коцки. Загрејте го маслото
во лонец и, мешајќи, запржете ги свинското и зеленчукот. Постепено
додавајте го меленото месо, мешајте и запржете го да биде зрнесто и
додадете ја супата од месо. Зачинете го сосот од месо со доматното пире,
билките, солта и црниот пипер и варете го покриено, приближно 30
минути, на тивок оган. Во меѓувреме, подгответе го бешамел сосот. За да
го направите тоа, растопете го путерот во тава, додадете го брашното и
мешајте додека не добие златна боја. Постепено и со постојано мешање,
налејте го млекото. Зачинете го сосот со сол, црн пипер и мускатен орев
и варете го на отворено околу 10 минути. Премачкајте голем правоаголен
огноотпорен сад со 1 супена лажица путер. Наизменично, во слоеви,
редете ги во садот листовите од тестенината, сосот од месо, бешамел
сосот и измешаното сирење. Притоа, на крај треба да дојде слој од
бешамел сосот испрскан со сирење. Наредете го остатокот од путерот во
мали парчиња врз лазањите.
CANNELLONI
Фил:
50 g кромид, сецкан
30 g путер
350 g спанаќ, сецкан
100 g кисела павлака
150 g свеж лосос, сецкан на коцки
150 g гргеч, сецкан на коцки
100 g морски ракчиња
100 g месо од школка
50 g пармезан, рендан
150 g ементалер, рендан
Бешамел сос:
75g путер
50 g супена лажица брашно
500 ml млеко
Сол, црн пипер и мускатен орев
1 пакетче канелони
Начин на приготвување:
Ставете го кромидот и путерот во тава и гответе ги полека додека не
станат проѕирни. Додадете спанаќ и гответе го и него полека. Додадете
ја киселата павлака, мешајте и оставете да се излади. Додадете го
лососот, гргечот, морскиот рак и месото од школки во спанаќот и
измешајте. Во меѓувреме, подгответе го бешамел сосот. За да го
направите тоа, растопете го путерот во тава, додадете го брашното и
мешајте додека не добие златна боја. Постепено турајте го млекото со
постојано мешање. Зачинете го сосот со сол, црн пипер и мускатен орев
Употреби, табели и совети
23
Page view 22
1 2 ... 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28

Comments to this Manuals

No comments