Aeg-Electrolux HK634200XB User Manual Page 19

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 80
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 18
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Заради ваша безбедност и правилно ракување со апаратот, внимателно прочитајте го
овој прирачник пред да го инсталирате и да го користите. Секогаш чувајте ги овие
инструкции со апаратот, дури и ако го преместувате или продавате. Корисниците мора
да бидат целосно запознаени со работата и безбедносните опции на апаратот.
Безбедност на децата и помалку вештите лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не дозволувајте им на лица, вклучително и деца, со намалено физичко чувство,
намалени ментални функции или недостаток на искуство и знаење да го користат
апаратот. Нивното ракување со апаратот мора да го надгледува или насочува лице
одговорно за нивната безбедност.
Сите материјали за пакување чувајте ги вон дофат на деца. Постои опасност од
задушување или физичка повреда.
Држете ги децата подалеку од апаратот во текот и по работата, додека апаратот не
се излади.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Активирајте го безбедносниот апарат за децата, за да избегнете малите деца или
миленичињата случајно да го вклучат апаратот.
Безбедност за време на употреба
Извадете ги сите материјали за пакување, налепниците и облогите, пред да го
користите апаратот за првпат.
Исклучувајте ги ринглите на „off“ по секоја употреба.
Опасност од изгореници! Не ставајте предмети направени од метал, на пример
кујнски прибор или капаци за тави, на површината на која готвите. Тие може да
станат жешки.
Корисниците со вградени пејсмејкери мора да го држат горниот дел од телото на
најмалку 30 cm од индукциските рингли кога се вклучени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар! Премногу жешките масти или масла многу брзо можат да се
запалат.
Правилно работење
Секогаш надгледувајте го апаратот за време на работата.
Овој апарат е само за домашна употреба!
Не користете го апаратот како работна површина или како површина за оставање
предмети.
Не оставајте или чувајте на или во близина на апаратот многу запаливи течности и
материјали, предмети што лесно се топат (на пр. пластична фолија, пластика,
алуминиум).
Безбедносни информации
19
Page view 18
1 2 ... 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 ... 79 80

Comments to this Manuals

No comments