Aeg-Electrolux L14950A User Manual Page 27

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 48
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 26
течни детергенти, претежно за програми за перење на ниски
температури (до 60°C) за сите видови ткаенини или специјални само
за волна.
Детергентот и адитивите мора да се ставаат во соодветните прегради
на фиоката на дозерот пред почнување на програмата за перење.
Ако користите течни детергенти, мора да се одбере програма без
претперење.
Вашиот апарат е опремен со систем за кружење што овозможува
оптимално трошење на концентрираниот детергент.
Почитувајте ги препораките на произведувачот за количествата што
треба да се употребуваат и не ставајте повеќе од ознаката "MAX" на
фиоката на дозерот за детергент .
Количество детергент што треба да се користи
Видот и количеството детергент зависи од видот ткаенина, полнењето,
степенот на извалканост и тврдоста на водата што се користи.
Следете ги упатствата на производителот на производот за
количествата што треба да се користат.
Користете помалку детергент ако:
перете помалку алишта,
алиштата не се многу извалкани,
во текот на перењето се создаваат големи количества пена.
Степени на тврдост на водата
Тврдоста на водата е класификувана во таканаречени "степени" на
тврдост. Информациите за тврдоста на водата во вашето подрачје
можете да ги добиете од одговорното претпријатие за водоснабдување
или од локалните служби. Ако степенот на тврдоста на водата е среден
или висок, препорачуваме да додадете омекнувач на вода секогаш
следејќи ги упатствата на производителот. Кога степенот на тврдост е
низок, приспособете го количеството детергент.
КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА СУШЕЊЕ
Подготвување на циклусот на сушење
Како машина за сушење, уредот работи на принципот на кондензација.
Оттаму, славината за вода мора да биде отворена, а одводното црево
поставено во мијалникот или приклучено на одводна цевка, дури и во
текот на циклусот на сушење.
Внимание!
Пред стартување на програма за сушење, намалете ја количината на
алиштата за да постигнете добри резултати.
Алиштата не се погодни за сушење
Особено чувствителните предмети, како синтетички завеси, волнени
и свилени делови од облеката, како и оние со метални детали, најлон
Корисни совети за сушење
27
Page view 26
1 2 ... 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 ... 47 48

Comments to this Manuals

No comments