Aeg-Electrolux L14950A User Manual Page 28

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 48
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 27
чорапи, гломазни делови од облеката, како јакни, прекривки, јоргани,
вреќи за спиење и перјани јоргани, не смеат да се сушат машински.
Избегнувајте сушење темни алишта заедно со светли бушави
предмети, како пешкири, бидејќи овие ги привлекуваат влакненцата.
Извадете ги алиштата откако уредот ќе заврши со сушењето.
За да избегнете статичко полнење, откако сушењето ќе заврши, при
перењето користете или омекнувач или специјално средство за
омекнување, за машина за сушење.
Деловите од облеката, обложени со сунѓер или материјали слични на
сунѓер, не смеат да се сушат машински; постои опасност од пожар.
Исто така, ткаенините кои содржат остатоци од зацрвстувачи или
спреови за коса, ацетон или слични раствори, не смеат да се сушат
машински, за да се избегне создавање на штетни испарувања.
Детергентот и адитивите мора да се ставаат во соодветните прегради
од фиоката на дозерот пред стартување на програмата за перење.
Ако користите течни детергенти, мора да одберете програма без
претперење.
Машината за перење е опремена со систем за рециркулација, кој
овозможува оптимално трошење на концентрираниот детергент.
Следете ги препораките на производителот за количините, кои треба да
се користат и не пречекорувајте ја ознаката "MAX" во фиоката на
дозерот за детергент .
Етикети на деловите од облеката
За сушење, следете ги податоците на етикетите од производителот:
= може да се суши во машина
= сушење на висока температура
= сушење на намалена температура
= не може да се суши во машина.
Траење на циклусот на сушење
Траењето на сушењето може да варира во зависност од:
брзината на последното центрифугирање
потребниот степен на сушење (суво за пеглање, суво за во плакар)
вид на алиштата
тежина на полнењето .
Просечното траење на сушењето за темпирано сушење е наведено во
поглавјето "Програми за сушење". Искуството ќе ви помогне да ги
исушите алиштата на најсоодветен начин, во зависност од различните
ткаенини. Прибележете го траењето на сушењето за веќе изведувани
циклуси.
Дополнително сушење
Ако алиштата се уште се влажни на крајот од програма за сушење,
одново изберете некое кусо сушење.
28
Корисни совети за сушење
Page view 27
1 2 ... 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 ... 47 48

Comments to this Manuals

No comments