Aeg-Electrolux L14950A User Manual Page 14

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 52
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 13
За да ги излистате сите достапни опции, притиснете го копчето 5.
Соодветниот симбол се појавува на екранот и почнува да трепка.
Притиснете го копчето 6 за да го активирате и потврдите Вашиот избор.
Под одбраниот симбол се појавува црна линија за да се укаже дека
опцијата е поставена. Притиснете го истото копче за да ја исклучите
опцијата.
Откако ќе ги одберете опциите, почекајте неколку секунди додека екранот
не се врати на основниот приказ. Одбраните опции се појавуваат на
екранот.
За компатибилноста на програмите за перење и за опциите, погледнете го
поглавјето „Програми за перење“.
Опција ПРЕТПЕРЕЊЕ
Изберете ја оваа опција ако сакате претперење за Вашите алишта на
30°C пред главното перење. Претперењето завршува со кратка
центрифуга кај програмите за памучни и синтетички ткаенини, додека кај
програмите за чувствителни ткаенини, водата само се испушта..
Соодветниот симбол ќе се појави на екранот.
Оваа опција се препорачува за многу извалкани алишта.
Опција ДАМКИ
Одберете ја оваа опција за третирање на многу извалкани или издамкани
алишта со средство за отстранување дамки (продолжено главно перење
со временски оптимизирана фаза за отстранување на дамки).
Соодветниот симбол ќе се појави на екранот.
Оваа опција не е достапна за температура под 40°C.
Ако сакате да изведувате програма со опцијата за дамки, всипете
средство за отстранување дамки во преградата.
.
Опција ЧУВСТВИТЕЛНИ
Со бирање на оваа опција се намалува интензитетот на перењето.
Машината додава уште едно плакнење за програмите за памук и
синтетика. Соодветниот симбол ќе се појави на екранот.
Оваа опција не може да се одбере заедно со опцијата Дополнително
плакнење.
Оваа опција се препорачува за предмети со непостојана боја, како и за
оние кои често се перат.
Опција СЕКОЈДНЕВНО
Со одбирање на оваа опција, Вие можете да го менувате траењето на
перењето за да исперете секојдневно извалкани алишта.
Екранот ќе го покаже соодветниот симбол и намаленото време на
перење.
Да се користи секојдневно извалкани алишта.
14 Секојдневна употреба
Page view 13
1 2 ... 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 ... 51 52

Comments to this Manuals

No comments