Aeg-Electrolux L14950A User Manual Page 15

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 52
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 14
Опција СУПЕР БРЗО
Со одбирање на оваа опција, Вие можете да го менувате траењето на
перењето за да исперете малку извалкани алишта.
Екранот ќе го покаже соодветниот симбол и намаленото време на
перење. Да се користи само за многу малку извалкани алишта.
Препорачуваме да го намалите полнењето со алишта.
Опција ДОПОЛНИТЕЛНО ПЛАКНЕЊЕ (уште едно плакнење)
Апаратот е конструиран за штедење вода. Сепак, за луѓе со многу
чувствителна кожа (алергични на детергенти), може да биде потребно
плакнење на алиштата со дополнително количество вода (дополнително
плакнење). Соодветниот симбол се појавува на екранот и оваа опција е
активна за одбраната програма за перење.
Ако сакате трајно да ја активирате оваа опција истовремено притиснете ги
копчињата 2 и 3 неколку секунди: соодветниот симбол се појавува на
екранот. Ако сакате да ја откажете, држете ги истите копчиња додека не
се изгасне симболот.
Изберете СТАРТ/ПАУЗА (копче 7)
За да ја почнете избраната програма, притиснете го копчето 7,
соодветното црвено контролно светло престанува да трепка.
На екранот ќе се појави симболот ВРАТА за да се укаже дека апаратот
почнал да работи и дека вратата е заклучена.
За да ја прекинете програмата што е во тек, притиснете го копчето 7:
соодветното црвено контролно светло почнува да трепка.
За да ја рестартирате програмата од точката каде што била прекината,
притиснете го копчето 7 повторно. Ако сте избрале одложен почеток,
машината ќе почне да одбројува.
Ако е избрана неправилна опција, жолтото контролно светло на копчето 7
трепнува 3 пати и пораката Err се прикажува неколку секунди.
Изберете ОДЛОЖЕН ПОЧЕТОК (копче 8)
Соодветниот симбол ќе се појави на екранот. Со ова копче, програмата за
перење може да се одложи за 30 мин – 60 мин – 90 мин, 2 часа, па потоа
по 1 час се до максимум од 20 часа.
Пред да ја стартувате програмата, ако сакате да го одложите почетокот,
повеќепати притискајте го копчето, за да го изберете саканото
одложување.
Вредноста на времето за одложување ќе се појави на екранот околу 3
секунди, а потоа повторно ќе се појави времетраењето на програмата.
Избраниот симбол се појавува на екранот.
Оваа опција мора да ја изберете откако ќе ја нагодите програмата и пред
да го притиснете копчето 7.
Може да го смените или откажете времето на одложување кога било пред
да го притиснете копчето 7.
Вратата ќе биде заклучена во текот на целото време на одложување. Ако
сакате да додадете алишта во машината додека трае одложувањето,
Секојдневна употреба
15
Page view 14
1 2 ... 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 ... 51 52

Comments to this Manuals

No comments