Aeg-Electrolux L14950A User Manual Page 27

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 52
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 26
Крв: третирајте ги свежите дамки со студена вода. Кај исушените дамки,
натопете преку ноќ во вода со специјален детергент, па потоа истријте со
сапун и вода.
Боја на база на масло: натопете со бензински отстранувач на дамки,
положете го делот од облеката на мека крпа и тапкајте ја дамката;
повторете повеќепати.
Исушени дамки од маст: натопете со терпентин, положете го делот од
облеката на мека подлога и тапкајте ја дамката со памучна крпа на
врвовите од прстите.
Рѓа: оксална киселина, растворена во жешка вода или производ за
отстранување рѓа, кој се користи студен. Внимавајте кај старите дамки од
рѓа, бидејќи целулозната структура веќе е оштетена и ткаенината може да
се продупчи.
Дамки од мувла: третирајте ги со белило и добро исплакнете (само за
бели алишта и алишта со трајни бои).
Трева: насапунете малку и третирајте со белило (само за бели алишта и
алишта со трајни бои).
Пенкало и лепило: натопете со ацетон
1)
, положете го делот од облеката
на мека крпа и тапкајте ја дамката.
Кармин: натопете со ацетон, како што е опишано погоре, па потоа
третирајте ги дамките со метилни алкохоли. Третирајте ги сите
преостанати трагови со белило.
Црвено вино: натопете во вода и детергент, исплакнете и третирајте со
ацетатна или лимонска киселина, па потоа исплакнете. Третирајте ги сите
преостанати трагови со белило.
Мастило: зависно од типот на мастилото, прво натопете ја ткаенината со
ацетон
1)
, па потоа со ацетатна киселина; третирајте ги сите преостанати
трагови на белите алишта со белило, па потоа добро исплакнете ги.
Дамки од катран: прво третирајте со отстранувач на дамки, метилни
алкохоли или бензин, па потоа истријте со детергент во паста.
Детергенти и адитиви
Добрите резултати на перењето зависат и од изборот на детергент и од
користењето на правилните количества за да се избегне непотребно
трошење и да се заштити животната средина.
Иако биолошки се разградуваат, детергентите содржат материи што во
големи количества можат да ја разнишаат чувствителната рамнотежа на
природата.
Изборот на детергентот ќе зависи од типот на ткаенината (чувствителна,
волнена, памучна итн.), бојата, температурата на перење и степенот на
валканост.
Со овој апарат може да се користат сите вообичаено достапни детергенти
за машини за перење:
прашоци за перење за сите видови ткаенини
прашоци за перење за чувствителни ткаенини (до 60°C) и волна
1) не употребувајте ацетон на вештачка свила
Помошни напомени и совети 27
Page view 26
1 2 ... 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 ... 51 52

Comments to this Manuals

No comments