Aeg-Electrolux 41056VH-MN User Manual Page 5

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 36
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 4
Редовното чистење спречува намалување на квалитетот на
површинските материјали.
Чистете го апаратот само со топла вода и сапуница. Остри предмети,
абразивни средства за чистење, абразивни сунѓери и отстранувачи
на дамки може да го оштетат апаратот.
Не чистете го апаратот со парочистачи или чистачи под висок притисок.
Не чистете ја стаклената врата со абразивни средства за чистење
или со метална гребалка. Огноотпорната површина на внатрешното
стакло може да се скрши и распрска.
Внимавајте стаклените плочи да се изладени пред да ги чистите.
Инаку стаклото може да се скрши.
Внимавајте кога ја вадите вратата од апаратот. Вратата е тешка!
Кога стаклените плочи се оштетени, ослабуваат и може да се скршат.
Мора да ги замените. За поопсежни упатства, јавете се на сервисниот
центар.
Ако користите спреј за печки, следете ги упатствата на
производителот. Никогаш не прскајте средства врз филтерот за
маснотии (ако го има), на грејачите и на сензорот на термостатот.
За време на чистењето со пиролиза (ако го има), тврдокорната
нечистотија може да ја оштети бојата на површината.
Не чистете го каталитичкиот емајл (ако го има).
Внимавајте кога ја менувате ламбата на печката. Постои опасност од
струен удар!
Местење
Апаратот смее да го мести, поврзува или поправа само овластен
сервисен техничар.
Целосно почитувајте ги законите, прописите, директивите и
стандардите на сила во земјата каде што го користите апаратот
(безбедносни прописи, прописи за рециклирање, правила за
електрична или безбедност на гасот и сл.)!
Ако не ги почитувате упатствата за местење, гаранцијата не важи за
оштетувањата.
Внимавајте апаратот да не е оштетен од превозот. Не поврзувајте
оштетен апарат. Ако е неопходно, јавете се на добавувачот.
Не местете го апаратот во близина на лесно запаливи материјали (на
пр. завеси, чаршафи и сл.)
Извадете ја цела амбалажа пред првата употреба.
Апаратот е тежок. Внимавајте кога го поместувате. Секогаш
користете заштитни ракавици. Никогаш не влечете го апаратот за
рачката или за плочата за готвење.
Одржувајте минимално растојание од другите апарати и уреди!
Важно! Не ставајте го шпоретот на подножје или штички за да биде
повисоко. Тоа го зголемува ризикот шпоретот да се преврти!
Поврзување на електриката
Апаратот мора да биде вземјен.
Безбедносни информации
5
Page view 4
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ... 35 36

Comments to this Manuals

No comments