Електронско поставување
Машината за миење садови е фабрички поставена во положба 5.
Влезете во менито Опции - SETTINGS - WATER HARDNESS .
Со копчињата за движење горе-долу поставете го нивото на
омекнувачот на вода според тврдоста на водата во Вашето
подрачје (видете во табелата).
Користење на сол за машина за миење
садови
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете само специјална сол за машини за миење садови. Сите
други видови сол што не се специјално направени за машини за
миење садови, особено солта за готвење, ќе го оштетат
омекнувачот на вода. Ставајте сол само пред да почнете некоја од
целосните програми за миење. Така ќе се спречи таложење на зрна
сол или излеана солена вода на дното на машината, што може да
предизвика кородирање.
Полнење:
1. Отворете ја вратата, извадете ја долната корпа и одвртете го
капачето на садот за сол вртејќи го налево.
2. Истурете 1 литар вода во садот (ова е неопходно само пред
првото полнење со сол).
3. Со приложената инка, турајте
сол додека садот не се
наполни.
4. Вратете го капачето
проверувајќи да нема сол на
навоите или на заптивката.
5. Навртете го капачето цврсто
вртејќи го надесно додека не
кликне и застане.
Не грижете се ако се прелева
вода додека ставате сол, тоа е нормално.
Користење на сол за машина за миење садови 15
Comments to this Manuals