Aeg-Electrolux 41005VD-MN User Manual Page 6

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 48
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 5
Внимание: Опасност од изгореници! Во текот на работата,
внатрешноста на рерната станува многу жешка.
Кога во рерната применувате алкохолни додатоци, може
евентуално да настане лесно запалива смеса на алкохол и
воздух. Во тој случај, внимателно отворајте ја вратата. Притоа
немојте да ракувате со жар, искри или оган.
Совет за акриламидот
Според најновите научни сознанија, интензивното печење на
прехранбените производи, особено кај производите кои содржат
нишесте, може да предизвика загрозување на здравјето поради
акриламид. Оттаму препорачуваме, да готвите на што е можно
пониски температури и премногу да не ги запечувате јадењата.
Вака ќе спречите оштетување на уредот
Не употребувајте ја површината за готвење како површина за
работа или за оставање предмети.
Не пуштајте ги ринглите да работат со празни садови или без
нив.
Внимавајте на тоа, на површината за готвење да не допрат
течности, кои содржат киселина, на пр. оцет, лимон или
средства за растворање на бигор, бидејќи ќе настанат
матирани дамки.
Паѓањето на остри и тврди предмети врз површината за
готвење може да ја оштети.
Држете ги настрана од површината за готвење сите предмети
и материјали, кои се топат, на пр. пластика, алуминиумска
фолија или фолија за шпорети.
Не обложувајте ја рерната со алуминиумска фолија и не
поставувајте тенџериња итн. на дното, бидејќи емајлот на
рерната може да се оштети поради задржувањето на
топлината.
Овошниот сок, кој капе од тавата за печење, остава дамки, кои
веќе не можат да се отстранат. За многу сочни колачи
употребувајте длабока тава.
Не оптоварувајте ја отворената врата од рерната.
Никогаш не истурајте вода директно во жешката рерна. Може
да дојде до оштетување на емајлот и промени на бојата.
При примена на сила, особено на рабовите на предното
стакло, може да дојде до кршење на стаклото.
Не чувајте во рерната никакви запаливи предмети. При
вклучување тие би можеле да се запалат.
Не чувајте влажни прехранбени производи во рерната. Може
да дојде до оштетување на емајлот.
6
Page view 5
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 ... 47 48

Comments to this Manuals

No comments