Технички податоци 26 Еколошки прашања 26
Можноста за промени е задржана
Упатства за ракување
Безбедносни информации
Пред монтажа и употреба, внимателно прочитајте го ова упатство:
• Заради Ваша лична безбедност и безбедноста на Вашата сопственост.
• Заради почитување на човековата околина,
• Заради правилно ракување со апаратот.
Секогаш чувајте ги овие инструкции со апаратот, дури иако го преместите
или продадете.
Производителот не е одговорен ако неправилната монтажа или употреба
предизвика оштетување.
Безбедност на децата и помалку вештите лица
• Не дозволувајте им на лицата, вклучително и деца, со намалено
физичко чувство, намалени ментални функции или недостаток на
искуство и знаење, да го користат апаратот. Нивното ракување со
апаратот мора да го надгледува или упатува лице одговорно за нивната
безбедност.
• Чувајте ги сите материјали за пакување далеку од децата. Постои ризик
од задушување или физичка повреда.
• Чувајте ги сите детергенти на сигурно место. Не дозволувајте им на
децата да ги допираат детергентите.
• Држете ги децата и малите животни подалеку од апаратот кога вратата
е отворена.
Општа безбедност
• Не менувајте ги спецификациите на овој апарат. Постои опасност од
повреда и оштетување на апаратот.
• Почитувајте ги упатствата за безбедност од производителот на
детергентот за да спречите изгореници на очите, устата и грлото.
• Не пијте ја водата од машината за миење садови. Во апаратот може да
има остатоци од детергент.
• Секогаш затворајте ја вратата по полнењето или празнењето на
апаратот за да спречите повреда или нечие паѓање врз отворена врата.
• Не седете и не стојте на отворената врата.
Користење
• Овој апарат е само за домашна употреба. Не користете го апаратот за
комерцијални или индустриски цели, ниту за нешто друго.
Безбедносни информации
3
117946220-C-092010
Comments to this Manuals