ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар или
експлозија.
• При загревање, маснотиите и
маслото можат да испуштаат
запаливи пареи. Држете го огнот
или загреаните предмети подалеку
од маснотиите и маслата кога
готвите со нив.
• Пареата што ја испушта маслото
коешто е многу жешко може да
предизвика спонтано запалување.
• Искористеното масло кое може да
содржи остатоци од храна, може да
предизвика пожар на пониска
температура од маслото што се
користи за прв пат.
• Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи
средства во, блиску до, или на
апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од оштетување на
апаратот.
• Не чувајте жешки садови за
готвење на контролната табла.
• Не оставајте ги садовите за готвење
да вријат на суво.
• Внимавајте предметите или
садовите за готвење да не паднат
на апаратот. Може да се оштети
површината.
• Не вклучувајте ги ринглите со
празни садови за готвење или без
садови за готвење.
• Не ставајте алуминиумска фолија
на апаратот.
• Садовите за готвење направени од
лиено железо, алуминиум или со
оштетено дно може да предизвика
гребнатини на стаклото или стакло-
керамиката. Овие предмети секогаш
кревајте ги кога треба да ги
преместувате на површината за
готвење.
2.3 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од оштетување на
апаратот.
• Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на
материјалот на површината.
• Не користете вода во спреј или
пареа за чистење на уредот.
• Исчистете го апаратот со
навлежнета мека крпа. Користете
само неутрални детергенти. Не
користете абразивни средства,
сунѓери со жица, растворувачи или
метални предмети.
2.4 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда или
задушување.
• Контактирајте со општинската власт
за да добиете информации за
правилно расходување на апаратот.
• Исклучете го апаратот од струја.
• Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
44
www.aeg.com
Comments to this Manuals