Aeg-Electrolux L61470WDBI User Manual Page 23

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 80
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 22
Секогаш следете ги упатствата што
ќе ги најдете на пакувањето на
овие производи.
Користете соодветни производи за
видот и бојата на ткаенината,
температурата на програмата и
нивото на извалканост.
Ако вашиот апарат нема дозер за
детергент со преклопник, додајте
течен детергент со топка за
дозирање (испорачана од
производителот на детергентот).
13.4 Еколошки практични
совети
Поставете програма за перење на
алишта со нормална извалканост
без фаза на предперење.
Секогаш стартувајте ја програмата
за перење со максимален
капацитет на алишта.
Ако е потребно, користете
отстранувач за дамки за да
поставите програма со ниска
температура.
За да користите точна количина на
детергент, проверете ја тврдоста
на водата во вашиот дом. Видете
во „Тврдост на водата“.
13.5 Тврдост на вода
Ако тврдоста на водата во вашата
област е висока или средна, ви
препорачуваме да користите
омекнувач за вода за машини за
перење. Во областите каде тврдоста
на водата е мека, нема потреба од
омекнувач за вода.
За да ја дознаете тврдоста на водата
во вашата област, јавете се во
локалното претпријатие за водовод.
Користете соодветна количина на
омекнувач за водата. Секогаш следете
ги упатствата што ќе ги најдете на
пакувањето на производот.
13.6 Корисни совети за
сушење
Подготвување на циклусот на
сушење
Отворете ја славината за вода.
Проверете дали цревото за одвод
на вода е правилно поврзано. За
повеќе информации, видете во
поглавјето за монтажа.
За максималното полнење на
алишта за програмите за сушење,
видете во табелата за програмите
за сушење.
13.7 Алишта кои се за
сушење
Не поставувајте програма за
сушење за овие алишта:
Многу нежни парчиња.
Синтетички завеси.
Парчиња облека со метални
влошки.
Најлонски чорапи.
Покривачи.
Прекривачи за кревет.
Јоргани.
Ветровки.
Вреќи за спиење
Ткаенини со остатоци од спрејови
за коси, раствори за нокти или
слично.
Облека со пена-гума или со
материјали слични на пена-гума.
13.8 Етикети на деловите од
облеката
При сушење на алиштата, почитувајте
ги укажувањата на етикетите на
производителите:
= Парчето облека може да се
суши во машина за сушење
= Циклусот на сушење е на
висока температура
= Циклусот на сушење е на
намалена температура
= Парчето облека не може да се
суши во машина за сушење.
13.9 Траење на циклусот на
сушење
Траењето на сушењето може да се
промени во зависност од:
брзината на последното
центрифугирање
нивото на исушеност
типот на алиштата
МАКЕДОНСКИ 23
Page view 22
1 2 ... 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 ... 79 80

Comments to this Manuals

No comments