• Проверете дали информациите на плочката со спецификации е во
согласност со вашето домашно напојување.
• Секогаш користете правилно инсталиран штекер обезбеден од
струјни удари.
• Не користете те-штеци, приклучници и продолжни кабли со повеќе
приклучоци. Постои опасност од пожар.
• Не заменувајте го и не менувајте го кабелот за струја сами. Јавете се
на сервисниот центар.
• Во електричната инсталација мора да се обезбеди склопка која ќе
овозможи одвојување на апаратот од струјата во сите полови, со
контактен отвор од најмалку 3 mm.
• Внимавајте приклучникот за струја и кабелот да не се смачкаат или
оштетат од задниот дел на апаратот.
• Внимавајте штекерот да е пристапен по местењето на апаратот.
• Не влечете го кабелот за да го откачите од струја. Секогаш
повлекувајте го приклучникот.
• Мора да имате соодветни изолациски уреди: сигурносни склопки,
осигурувачи (оние што се навртуваат треба да се вадат од
лежиштето), заштитни склопки за преостаната струја и контактори.
• Податоци за напонот се дадени на плочката со спецификации.
Сервисирање
• Овој апарат смее да го поправа само овластен сервисен техничар.
Користете само оригинални резервни делови. Контактирајте со
овластен сервисен центар.
6
Безбедносни информации
Comments to this Manuals