Aeg-Electrolux 47635IP-MN User Manual Page 16

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 44
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 15
16
Печива
Откако ќе останат уште 5 до крајот, со дрвена чепкалка проверете дали
сунѓерестите колачи се готови. Времето на печење можете да го скратите
или да го продолжите. На резултатите може да влијаат и материјалот,
бојата, обликот и големината на тавите за печење, како и рецептот.
ГОРЕН/ДОЛЕН ГРЕЈАЧ дава рамномерна боја.
Конвенционално готвење
Користете ја РЕРНАТА СО СТРУЕЊЕ НА ВОЗДУХОТ кога готвите на
повеќе полици истовремено, на пр. печено мелено месо, ќофтиња и
комплетни менија (предјадење, главно јадење и десерт).
Не заборавајте да изберете јадења, на кои им треба иста температура.
Јадењата, на кои им треба различно време во рерната, ќе треба да се
стават во рерна во зависност од тоа, кога ви треба да бидат готови.
Печење месо
Користењето на ГОРЕН/ДОЛЕН ГРЕЈАЧ и на РЕРНА СО СТРУЕЊЕ НА
ВОЗДУХОТ за печење месо е и полесно и попрактично. Печеното
говедско, како бут или бифтек, најдобро ги задржува сопствените
природни сокови ако се пече на 125ºC. Сепак, времето на готвење е малку
подолго, отколку на повисока температура. Користете сад за месо, во кој
има место токму колку за печеното, за да не изгорат соковите. Кога печете
големо парче шунка, користете голема тава за печење, бидејќи месото
обично пушта многу сок. Бидете внимателни кога го вадите од рерната.
Ако користите вреќичка за печење, пред да ја ставите во рерната, исечете
дупче во едниот агол. На тој начин ја намалувате опасноста да се
изгорите од пареата, кога ја отворате вреќичката.
Печење скара
Внимание: максималното температурно нагодување за оваа
функција е 230ºC.
На резултатот и на траењето на процесот на печење скара влијаат
големината, обликот, количината, степенот на прошареност со маснотии,
па дури и почетната температура на месото. Риба, живина, телешко и
свинско се запечуваат помалку од потемните меса, како говедско и овчо.
Бојата се подобрува со растително масло и/или зачини, но со тоа се
зголемува и опасноста од загорување на површината.
За најдобри резултати, избегнувајте да ја печете храната на скара
директно од фрижидер. Исушете ја површината на месото, ставете го на
решетката од рерната и зачинете по вкус.
Page view 15
1 2 ... 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 ... 43 44

Comments to this Manuals

No comments