Aeg-Electrolux 47635IP-MN User Manual Page 32

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 44
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 31
32
Самочистечка рерна
При чистењето вратата од рерната мора да биде затворена, не
смеат да бидат вклучени никакви функции и рерната мора да биде
изладена.
За да се олесни чистењето, треба да се извадат страничните шини.
Каталитички емајл
Принцип:
Каталитичкиот емајл од ѕидовите на рерната е порозен и има одреден
самочистечки ефект. Кога е топол, тој ја впива и ја уништува
испрсканата маснотија.
За време на користењето, рерната станува жешка. Внимавајте на
децата.
Одржување
Понекогаш, при готвењето може да дојде до многу прскање маснотии
(живина, печено месо ...) во внатрешноста на рерната, нечистотијата на
емајлот делумно согорува при користењето на рерната.
Доколку по готвењето на емајлот има дамки, извадете го сиот прибор од
рерната (решетка, тава за собирање течности) прегорете ја рерната при
највисока температура, со горен/долен грејач, во траење од 30-50
минути, па потоа одберете ја функцијата скара во траење од 5 минути.
Не употребувајте спреј за рерна или абразивни средства за
чистење. Никогаш не употребувајте соединенија за чистење рерна
или остри предмети врз каталитичкиот емајл. Инаку, каталитичката
облога може да се оштети.
Решетки за рерната и држачи на решетките
За да ги исчистите решетките и држачите, натопете ги во топла
сапуница и отстранете ги тврдокорните дамки со добро наводнето
сунѓерче, импрегнирано со детергент. Исплакнете ги добро и избришете
ги со мека сува крпа.
Лизгањето тенџериња со алуминиумско или бакарно дно по плочата за
готвење може да предизвика метални траги на површината за готвење.
Овие траги треба да се отстранат веднаш откако плочата за готвење ќе
се излади, и тоа со помош на крем за чистење плочи за готвење.
Металните трагови може да останат трајни ако не се отстранат пред
следното користење.
Садовите за готвење (лиено железо, метал, керамика или стакло) со
грубо дно може да ја изгребат површината за готвење.
Не лизгајте со ништо метално или стаклено по плочата за готвење.
Не користете ја плочата за готвење како плоча за сечење или како
работна површина во кујната.
Не гответе храна директно на површината за готвење, без тенџере.
Page view 31
1 2 ... 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 ... 43 44

Comments to this Manuals

No comments