(Внимание! НЕМААТ сите модели на машини за миење садови
доводни и одводни црева опремени со контранавртка. Во таков
случај, ова олеснување не е можно). Доколку машината ја
приклучувате на нови цевки или на цевки кои не се користени
подолго време, оставете ја водата да тече неколку минути пред да
го поврзете доводното црево.
НЕ користете црева кои претходно биле користени на некој стар
уред.
Овој уред е опремен со безбедносни додатоци, кои ќе спречат
водата што се користи во уредот да се врати назад во системот за
вода за пиење. Овој уред е во согласност со важечките одредби за
водоводот.
Доводно црево со безбедносен вентил
По приклучување на доводното црево со двоен ѕид,
безбедносниот вентил се наоѓа веднаш до славината. Оттаму,
доводното црево е под притисок само кога водата тече. Ако
доводното црево за тоа време почне да протекува, безбедносниот
вентил го прекинува течењето на водата.
Кога го монтирате доводното црево, внимавајте на следново:
• Електричниот кабел за безбедносниот вентил се наоѓа во
доводното црево со двоен ѕид. Не потопувајте ги доводното
црево или безбедносниот вентил во вода.
• Доколку доводното црево или безбедносниот вентил се оштетат,
веднаш извлечете го утикачот.
• Доводното црево со безбедносен вентил смее да го заменува
само стручно лице или некој од сервисната служба.
Поврзување на водата
41
Comments to this Manuals