Aeg-Electrolux F80010IM User Manual Page 5

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 48
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 4
Упатства за работа
Безбедносни информации
Во интерес на Вашата безбедност, а и за да обезбедите правилно
користење, пред инсталирањето и пред првото пуштање на уредот
во работа, внимателно прочитајте го овој прирачник, вклучувајќи
ги неговите совети и предупредувања. За да избегнете непотребни
грешки и незгоди, важно е да се уверите дека сите луѓе што го
користат уредот се темелно запознаени со неговите работни и
безбедносни карактеристики. Сочувајте ги овие упатства и уверете
се дека ќе останат со уредот доколку тој биде преместен или
продаден, така што секој што ќе го користи во неговиот работен
век, ќе биде прописно информиран за користењето и безбедноста
на уредот.
Правилно користење
Оваа машина за миење садови е наменета само за миење на
домашен прибор, погоден за миење во машина.
Не ставајте никакви растворувачи во машината за миење
садови. Тоа може да предизвика експлозија.
Ножевите и другите предмети со остри врвови мора да се редат
во корпата за прибор за јадење, со врвовите завртени надолу
или поставени во хоризонтална положба, во горната корпа.
Користете само производи (средство за чистење, сол и средство
за плакнење) кои се погодни за машина за миење садови.
Избегнувајте отворање на вратата додека уредот работи, може
да дојде до излегување на жешка пареа.
Не вадете садови од машината за миење садови пред
завршување на циклусот на машината за миење садови.
По користење, исклучете го уредот од напојувањето со струја и
затворете го снабдувањето со вода.
Овој производ треба да го сервисира само авторизиран
сервисен инженер, и треба да се користат само оригинални
резервни делови.
Безбедносни информации
5
Page view 4
1 2 3 4 5 6 ... 48

Comments to this Manuals

No comments