Aeg-Electrolux S83600CMM0 User Manual Page 72

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 76
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 71
Местоположба
Апаратот треба да се постави на добра
оддалеченост од извори на топлина, како што
се радијатори, бојлери, директна сончева
светлина итн. Погрижете се воздухот да може
слободно да струи околу задниот дел од
апаратот. За да обезбедите најдобра работа
кога апаратот е монтиран под некој висечки
елемент, минималното растојание помеѓу
горната страна на комората и
ѕидот мора да
биде најмалку 100 mm. Во идеални услови,
овој апарат не би требало да се поставува под
висечки елементи. Правилното нивелирање се
обезбедува со една или повеќе прилагодливи
ногалки во основата на витрината.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
По монтажата приклучокот мора да биде лесно достапен за да може апаратот да се
исклучи од приклучокот за напојување.
Поврзување на електриката
Пред да го приклучите, проверете дали напонот и фреквенцијата прикажани на
плочката со спецификации одговараат на вашата домашна електрична мрежа.
Апаратот мора да биде вземјен. Приклучокот на кабелот за напојување со струја е со
вземјување. Ако штекерот од домашната електрична мрежа не е вземјен, поврзете го
апаратот со посебно вземјување во согласност
со прописите за електрична енергија и
откако ќе се посоветувате со квалификуван електричар.
Производителот одбива каква било одговорност ако горенаведените безбедносни
мерки не се испочитувани.
Апаратот е во согласност со следниве Директиви на ЕЕЗ.
Задни разделници
Двата разделника можете да ги најдете во
кесето со документацијата.
Направете го следново за да ги монтирате
разделниците:
1. Отшрафете ги завртките.
2. Ставете го разделникот под главата на
завртката.
3. Свртете го разделникот во правата
положба.
4. Повторно стегнете ги завртките.
A
B
mm
mm
min
100
20
2
4
3
1
72
Монтажа
Page view 71
1 2 ... 67 68 69 70 71 72 73 74 75 76

Comments to this Manuals

No comments