Aeg-Electrolux B4403-5-W User Manual Page 3

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 32
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 2
Секогаш чувајте ги овие инструкции со апаратот, дури и ако го
преместувате или продавате.
Производителот не е одговорен ако неправилната монтажа или употреба
предизвикаат оштетување.
Безбедност на децата и помалку вештите лица
Не дозволувајте апаратот да го користат лица, вклучително и деца, со
намалена физичка способност, намалени ментални функции или
недоволно искуство и знаење. Нивното ракување со апаратот мора да
го надгледува или насочува лице одговорно за нивната безбедност.
Сите материјали за пакување чувајте ги далеку од дофат на деца.
Постои ризик од задушување или физичка повреда.
Држете ги децата и малите животни подалеку од апаратот кога вратата
е отворена или кога апаратот работи. Постои ризик од повреда или друг
траен инвалидитет.
Ако апаратот има функција за заклучување на вклучувањето или за
заклучувањето на копчињата, користете ја. Тоа ќе оневозможи случајно
користење на апаратот од страна на деца и мали животни.
Општа безбедност
Не менувајте ги спецификациите на овој апарат. Постои опасност од
повреда и оштетување на апаратот.
Не оставајте го уредот без надгледување додека работи.
Исклучувајте го апаратот по секоја употреба.
Монтажа
Само овластен електричар може да го монтира и поврзува апаратот.
Контактирајте со овластен сервисен центар. Така ќе се спречи ризик од
структурно оштетување или физичка повреда.
Внимавајте апаратот да не е оштетен при превозот. Не поврзувајте
оштетен апарат. Ако е неопходно, јавете му се на добавувачот.
Извадете ги сите материјали за пакување, налепниците и облогите
пред да го користите апаратот за првпат. Не вадете ја плочката со
спецификации. Тоа може да ја поништи гаранцијата.
Придржувајте се кон законите, прописите, директивите и нормите, кои
важат во земјата на примената (безбедносни одредби, одредби за
рециклирање, правилата за електрична и/или безбедност за гас итн.)!
Проверете дали уредот е исклучен од напојувањето со струја при
монтажата.
Овој уред е тежок. Внимавајте кога го поместувате. Секогаш користете
сигурносни ракавици. Никогаш не влечете го уредот за рачката.
Во електричната инсталација мора да се обезбеди склопка која ќе
овозможи исклучување на апаратот од струјата во сите полови со
контактен отвор од најмалку 3 mm.
Мора да имате соодветни уреди за изолација: сигурносни склопки,
осигурувачи, (оние што се навртуваат треба да се извадат од
фасонката), заштитни склопки за преостаната струја и контактори.
Проверете дали апаратот е монтиран под и до безбедни структури.
Безбедносни информации
3
Page view 2
1 2 3 4 5 6 7 8 ... 31 32

Comments to this Manuals

No comments