Aeg-Electrolux B4403-5-W User Manual Page 4

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 32
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 3
Одржувајте го минималното растојание до другите апарати и единици.
Апаратот не смее да се постави на основа.
Вградените рерни и површини за готвење се опремени со специјален
систем за поврзување. Заради безбедносни причини, мора да
комбинирате само апарати од ист производител.
Поврзување на струјата
Апаратот мора да биде заземјен.
Проверете дали податоците за струјата на плочката со спецификации
одговараат на вашето домашно напојување со струја.
Информациите за напонот се наоѓаат на плочката со спецификации.
Секогаш користете правилно инсталиран штекер обезбеден од струјни
удари.
При поврзувањето на електрични апарати на приклучоци за
напојување, не дозволувајте каблите да допираат или да бидат во
близина на топлата врата на апаратот.
Не користете Т-штекери, конектори и продолжени кабли со повеќе
приклучоци. Постои опасност од пожар.
Не заменувајте го ниту ставајте друг кабел за струја. Контактирајте со
сервисниот центар.
Погрижете се да не го нагмечите или оштетите кабелот за напојување
(ако е применливо) и кабелот зад апаратот.
Проверете дали штекерот е пристапен по монтажата.
Не влечете го кабелот за да го исклучите апаратот од струја. Секогаш
повлекувајте го приклучникот - ако е применливо.
Користење
Овој апарат е само за домашна употреба. Не користете го апаратот за
комерцијални и индустриски цели.
Користете го апаратот само за готвење јадења за домашна употреба.
Така ќе спречите физичка повреда на лицата или оштетување на
имотот.
Не користете го апаратот како работна површина или како површина за
оставање предмети.
Не ставајте запаливи производи или предмети натопени со запаливи
средства, и/или растопливи предмети (направени од пластика или
алуминиум) во, блиску до или на апаратот. Постои опасност од
експлозија или пожар.
За време на користењето, внатрешноста на апаратот станува жешка.
Постои опасност од изгореници. Корисете ракавици при ставање или
вадење на приборот или садовите.
Секогаш стојте понастрана кога ја отворате вратата додека работи
уредот. Може да се ослободи жешка пареа. Постои опасност од
изгореници на кожата.
За да спречите оштетување или обезбојување на емајлот:
не ставајте никакви предмети директно на подот на апаратот и не
покривајте го со алуминиумска фолија;
не ставајте врела вода директно на апаратот;
4
Безбедносни информации
Page view 3
1 2 3 4 5 6 7 8 9 ... 31 32

Comments to this Manuals

No comments