Упатство за употреба
Безбедносни информации
За ваша безбедност и за да се обезбеди правилна употреба, пред
да го наместите и да го користите апаратот првпат, прочитајте го
упатството за употреба внимателно, вклучувајќи ги и советите и
предупредувањата. За да се избегнат непотребни грешки и
незгоди, важно е сите што го користат апаратот да се темелно
запознаени со начинот на работата и безбедносните функции.
Чувајте го упатството и погрижете се да биде со апаратот ако се
премести или продаде, за да може секој што го користи во
работниот век да биде правилно информиран за употребата на
апаратот и за безбедноста.
Правилна употреба
• Машината за миење садови е наменета само за миење прибор
за домаќинство соодветен за машинско миење.
• Не ставајте растворачи во машината за миење садови. Тоа може
да предизвика експлозија.
• Ножевите и другите предмети со остри врвови мора да се
ставаат во корпата за прибор за јадење со врвовите надолу или
да се стават хоризонтално во горната корпа.
• Користете само производи (детергент, сол и средство за
плакнење) соодветни за машини за миење садови.
• Избегнувајте отворање на вратичката додека апаратот работи,
може да излезе жешка пареа.
• Не вадете садови од машината за миење садови пред да заврши
циклусот за миење.
• По употребата, изолирајте го апаратот од напојувањето и
затворете го доводот за вода.
• Производот треба да го сервисира само овластен сервисер и
треба да се користат само оригинални резервни делови.
Безбедносни информации
5
Comments to this Manuals