Aeg-Electrolux HM634070MB User Manual Page 4

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 16
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 3
МОНТАЖА
Пред инсталацијата , забележете го серискиот број (Ser. Nr.) од плочката
со спецификации. Плочката со спецификации на апаратот е на неговото
долно куќиште.
HM634070M-B
949 593 216 00
58 HAD C6 A0
220-240 V 50-60-Hz
7,1 kW
AEG-ELECTROLUX
Безбедносни упатства
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Мора да се прочита!
Потполно почитувајте ги законите, прописите, директивите и стандардите
на сила во земјата каде што го користите апаратот (безбедносни прописи,
прописи за рециклирање, правила за електрична безбедност и сл.)!
Само квалификуван електричар смее да го мести апаратот!
Одржувајте минимално растојание од другите апарати и уреди!
Погрижете се околу заштитата од струјни удари: на пр. ставете фиоки под
апаратот само ако е наместено заштитно подножје.
Заштитете ги исечените површини на работната површина од влага со
соодветно заптивно средство!
Обезбедете го апаратот на работната површина со соодветно заптивно
средство така што нема да останат процепи околу него.
Заштитете го долниот дел на апаратот од пареа и влага, на пр. од
машина за миење садови или печка.
Не ставајте го апаратот близу до врата или под прозорец. Инаку може да
ги турнете садовите за готвење од плочата за готвење кога ќе ја отворите
вратата или прозорецот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од повреда со електрична струја.
Во комбинираниот апарат има струја.
Внимавајте на прописите за безбедност на електротехниката.
Номиналниот напон на комбинираните апарати мора да се согласува.
Наместете ги поврзувањата за приклучникот и штекерот правилно.
Инсталирајте правилно за да има заштита од струјни удари.
Разлабавените и неправилните поврзувања на приклучникот и
штекерот може да го вжештат приклучокот.
Поврзувањето на електричните приклучоци треба да го изврши
квалификуван електричар.
Апаратот мора да е приклучен на електрична инсталација што
овозможува апаратот да се исклучи од струја на сите полови со широчина
на контактниот отвор од најмалку 3 мм
Мора да имате соодветни изолациски уреди: лента за изолација на
доводот, осигурувачи (да се одвиени од лежиштето), спојки за вземјување
и контакти.
4 Монтажа
Page view 3
1 2 3 4 5 6 7 8 9 ... 15 16

Comments to this Manuals

No comments