Aeg-Electrolux S80408KG User Manual Page 46

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 64
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 45
Чувајте ја претходно спакуваната смрзната храна во согласност со
упатствата на нејзиниот производител.
Мора строго да се почитуваат препораките за чување на
производителот на апаратот. Видете во соодветното упатство.
Не ставајте содирани или газирани пијалаци во преградите на
замрзнувачот, бидејќи тие создаваат притисок во садот, што може да
предизвика негово експлодирање, што може да заврши со
оштетување на апаратот.
Смрзнатите лижавчиња може да предизвикаат смрзнатици ако се
конзумираат веднаш.
Одржување и чистење
Пред одржување, исклучете го апаратот и извадете го приклучокот за
струја од штекерот. Ако не можете да пријдете кон приклучокот за
струја, прекинете го струјното коло.
Не чистете го апаратот со метални предмети.
Не користете остри предмети за вадење на мразот од апаратот.
Користете пластичен гребач.
Редовно проверувајте го одводот на фрижидерот за одмрзната вода.
Ако е неопходно, исчистете го одводот. Ако одводот е блокиран, ќе се
собира вода на дното на фрижидерот.
Местење
За електричното поврзување, внимателно постапете според упатствата
дадени во одделните пасуси.
Распакувајте го апаратот и проверете да не е оштетен. Не
приклучувајте го апаратот ако е оштетен. Пријавете ги евентуалните
оштетувања веднаш таму каде што сте го купиле апаратот. Во тој
случај, престанете со распакување.
Препорачливо е да се почека најмалку четири часа пред да се
приклучи апаратот за да може маслото да се врати во компресорот.
Околу апаратот треба да има соодветно кружење на воздухот - без
него може да дојде до прегревање. За да се постигне доволно
проветрување, следете ги упатствата за местење.
Секогаш кога е можно, задниот дел на производот треба да е блиску
до ѕид, за да не биде можно допирање или фаќање на топлите
делови (компресорот, кондензаторот) и изгорувањето од нив.
Апаратот не смее да се наоѓа блиску до радијатори или плински
шпорети.
Внимавајте штекерот да е пристапен по местењето на апаратот.
Поврзувајте само со довод на вода за пиење.
12)
Сервисирање
Електричните приспособувања потребни за сервисирање на апаратот
треба да ги изврши квалификуван електричар или компетентно лице.
12) Ако е предвидено водоводно поврзување
46
Безбедносни информации
Page view 45
1 2 ... 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 ... 63 64

Comments to this Manuals

No comments