БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажа и употреба, внимателно прочитајте го ова упатство:
• Заради ваша безбедност и безбедноста на вашиот имот
• За заштита на околината
• Заради правилна работа на апаратот.
Секогаш чувајте ги овие инструкции со апаратот, дури и ако го преместувате или
продавате.
Производителот не е одговорен ако неправилната монтажа или употреба
предизвикаат оштетување.
Безбедност на децата и помалку вештите лица
• Овој апарат можат да го користат деца над 8 години и лица со намалени физички,
сензорни или ментални способности или лица без искуство и знаење доколки тоа го
прават под надзор или им биле дадени упатства како безбедно да го употребуваат
апаратот и ги разбираат опасностите поврзани со него. Деца не смеат
да играат со
апаратот.
• Сите материјали за пакување чувајте ги далеку од дофат на деца. Постои ризик од
задушување или физичка повреда.
• Држете ги децата и животните подалеку од апаратот кога вратата е отворена или
кога тој работи. Постои ризик од повреда или друг траен инвалидитет.
• Ако уредот ги има функциите
„Блокада за деца“ или „Блокада на копчињата“,
употребете ги. Тоа ќе оневозможи децата и животните несакано да го вклучат
апаратот.
Општа безбедност
• Не менувајте ги спецификациите на овој апарат. Постои опасност од повреда и
оштетување на апаратот.
• Не оставајте го апаратот без надгледување додека работи.
• Исклучувајте го апаратот по секоја употреба.
Монтажа
• Само овластен сервисер може да го монтира и поврзува апаратот. Котактирајте го
овластениот сервис. Ова е со цел да се избегне ризик од штета или физички
повреди.
• Проверете дали апаратот е оштетен при транспортот. Никогаш не поврзувајте
оштетен апарат. По потреба контактирајте го добавувачот.
• Пред првата употреба отстранете ги сите делови
од паувањето, лепенки и слоеви
од апаратот. Не отстранувајте ја плочката со спецификации. Тоа може да ја
поништи гаранцијата.
• Целосно почитувајте ги законите, наредбите, директивите и стандардите кои се на
сила во земјата каде што го употребувате апаратот (правила за заштита, правила
за рециклирање, правила за заштита при употреба на струја или
гас итн.).
4 Безбедносни информации
Comments to this Manuals