Aeg-Electrolux 41016VH-WN User Manual Page 7

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 32
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 6
Не ставајте материјали што спроведуваат топлина (на пр. тенки метални мрежи или
спроведувачи на топлина обложени со метал) под садовите за готвење.
Преголемото емитирање на топлина може да ја оштети површината за готвење.
Нега и чистење
Пред одржувањето, проверете дали апаратот е изладен. Постои опасност од
изгореници. Постои ризик од кршење на стаклените плочи.
Одржувајте го апаратот постојано чист. Наталожените маснотии или други остатоци
од храна може да предизвикаат пожар.
Редовното чистење спречува намалување на квалитетот на површинските
материјали.
Заради ваша безбедност и безбедност на вашиот
имот, апаратот чистете го само
со вода и сапун. Не користете запалливи производи или производи кои можат да
предизвикаат корозија.
Не чистете го апаратот со чистачи на пареа, чистачи под висок притисок, остри
предмети, абразивни средства, абразивни сунгери или отстранувачи на дамки.
Ако користите спреј за печка, придржувајте се до упатствата
на производителот. Не
прскајте ништо врз грејните елементи и сензорот на термостатот (ако е достапен).
Не чистете ја стаклената врата со абразивни средства за чистење или со метална
гребалка. Може да дојде до пукање и кршење на огноотпорната површина на
внатрешното стакло.
Кога стаклените плочи од вратата се оштетени, тие стануваат
крти и може да се
скршат. Мора да ги замените. Контактирајте го сервисниот центар.
Бидете внимателни кога ја вадите вратата од апаратот. Вратата е тешка.
Крушковидните светилки што се користат во овој апарат се специјални светилки
што се користат само за апарати за домаќинство. Тие не можат да се користат за
целосно или делумно осветлување на просторија во домаќинството.
Ако треба да се замени светилката, употребете светилката со иста моќност која е
посебно направена само за апарати за домаќинство.
Исклучете го апаратот од струја пред да го менувате светлото во рерната. Постои
опасност од електричен удар. Изладете го апаратот. Постои опасност од
изгореници.
Сервисирање
Овој апарат смее да го поправа само овластен сервисен техничар. Користете само
оригинални резервни делови. Контактирајте со овластен сервисен центар.
Расходување на апаратот
За да се спречи ризик од физичка повреда или оштетување:
Исклучете го апаратот од струја.
Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.
Откачете ја бравата на вратата. Ова ќе оневозможи деца и мали животни да се
затворат во апаратот. Постои опасност од задушување.
Безбедносни информации
7
Page view 6
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 ... 31 32

Comments to this Manuals

No comments