Aeg-Electrolux L14950A User Manual Page 18

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 52
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 17
Славината за вода мора да биде отворена, а одводното црево поставено
во мијалникот или приклучено на одводна цевка.
1. Наполнете ги алиштата.
2. За да добиете најдобри резултати на сушење, изберете циклус на
центрифугирање со максималната дозволена брзина за типот на
алиштата.
3. Во одделот за сушење, на бирачот на програми, изберете ја
програмата за сушење за памук или синтетика. Симболите СУШЕЊЕ
и БЕЗ ТУТКАЊЕ соодветно на фазите кои ја сочинуваат програмата,
се појавуваат на екранот. Во исто време, симболите соодветни на
нивоата на степени дозволени со поставената програма/ткаенина и
„АВТОМАТСКИ“ светнуваат.
4. Одберете го автоматското сушење со притискање на копчето 3.
Со ова копче можете да го одберете степенот на сувост на
електронското сушење. Машината автоматски го прилагодува
траењето на циклусот на сушење на избраниот степен на сувост.
Ако го притиснете ова копче, под одбраниот симбол се појавува
црна линија за да се укаже дека опцијата е поставена. Пораката
„АВТОМАТСКИ“ исчезнува. Екранот го прикажува траењето на
циклусот на сушење. Контролното светло на копчето 7 почнува да
трепка. Притиснете го потоа копчето 7 за да почне програмата.
Црна линија трепка под симболот СУШЕЊЕ.
Одберете го временското сушење со притискање на копчето . 4
Со ова копче може да се одбере траење на циклусот на сушење
помеѓу 10 и 250 минути според типот на ткаенина (памук или
синтетика). Притискајте го ова копче додека саканото време да се
појави на екранот. Со секое притискање на ова копче, траењето на
сушењето се зголемува за 5 минути. Симболот ТРАЕЊЕ НА
СУШЕЊЕ неколку секунди се појавува на екранот, близу до
траењето. Притиснете го потоа копчето 7 за да почне програмата.
Црна линија трепка под симболот СУШЕЊЕ.
Забелешка!
Траењето на програмата автоматски ќе се зголеми за неколку
минути.
Информации!
Ако поставите само 10 минути за фаза на сушење со копчето за
време на сушење, апаратот извршува само фаза на ладење.
5. Притиснете го копчето 7 за да почне програмата.
Откако програмата ќе стартува, преостанатото време се ажурира
секоја минута.
Забелешка!
Различните видови памучни предмети (пешкири, чаршафи, кошули и
така натака) или замотувањето на алиштата во текот на фазата на
центрифугирање, можат да предизвикаат нерамномерно сушење.
Така, во исклучителни случаи, при кои на крајот од циклусот алиштата
18 Користење - сушење
Page view 17
1 2 ... 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 ... 51 52

Comments to this Manuals

No comments